Вие имате прво да ја знаете вистината

Забранет дочек на Нова Година на отворено во Црна Гора!

Црногорската влада денес донесе нови епидемиолошки мерки за борбата против епидемијата на коронавирус, кои ќе стапат на сила од 15-ти ноември до 1-ви декември. Во мерките е вклучено и забрана за организирање на новогодишни прослави на отворено – концерти и масовни собири.

Исто така забрането е организирање на свадби како на отворено така и на затворено, како и работа на ноќни клубови. Ограничено е и работното време и на угостителските објекти до полноќ. Забрането е организирање студентски екскурзии и патувања, приватни прослави и родендени.

Престој во куќи и станови се препорачува само за членовите од истото домаќинство.

Националниот дигитален ковид-19 сертификат одамна е услов за преминување на државната граница, како и за престој во внатрешноста на угостителските објекти, за присуство на свадби, културни манифестации и спортски натпревари.

Министерката за здравство, Јелена Боровиќ Бојовиќ на прес-конференција изјави дека Владата се уште ја разгледува можноста за да од 1-ви декември воведе обврска за поседување сертификат за ковид-19 за целата јавна администрација – здравство, образование, полиција, армија.

Исто така, од 1-ви декември, доколку се донесат овие мерки, сертификатот за ковид-19 ќе биде неопходен и за влез во јавен превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории и деловни згради во кои дејноста ја вршат повеќе од три компании, односно претприемачи, како и за над илјада метри квадратни површина во која се врши малопродажба на непрехранбени стоки.

Сите што го изгубија животот во Црна Гора од 1-виви мај до денеска, а беа помлади од 40 години, беа невакцинирани. Ги замолувам граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат за да се заштитат од тешки форми на болести и смртни случаи и ги повикувам сите надлежни служби за контрола на мерките да бидат истрајни во заедничката задача – борба против епидемијата, изјави министерката за здравство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!