Вие имате прво да ја знаете вистината

Запознајте ги браќата на Јокиќ: американските медиуми ги нарекуваат „кланот на Јокиќ“ а еден од браќата имал проблеми со законот!

За Никола Јокиќ се пишува секој ден, се следи секој негов чекор, но се почесто во медиумите се и неговите браќа Страхиња и Немања, а особено вниманието го привлекоа по инцидентот на Јокиќ во натпреварот на Денвер против Мајами.

Кога бев мал, ги гледав моите браќа кои исто така играа кошарка. Имам по малку од двајцата во мене: едниот е талентиран, а другиот силен. Јас сум добра мешавина од двајцата. Нашиот стан беше многу мал. Имавме две спални соби, кујна и бања. Таму живеевме мајка ми, татко ми, јас, двајцата браќа и баба ми. Тоа беше полна куќа. Често доаѓаа роднини, кои и ние во Србија ги нарекуваме браќа. Куќата секогаш беше полна со луѓе, а ние постојано се шегувавме. Бевме луди деца, секогаш кревавме многу врева. Имавме и мал кош во станот, па јас и моите браќа игравме цело време. Соседите кои живееја долу постојано доаѓаа да се пожалат на нашите родители колку сме гласни – изјави минатогодишниот МВП играч во НБА лигата, Никола.

Познато е дека тие страсно ги следат сите натпревари на најдобриот НБА играч од минатата сезона. Главно гласно и со гестикулации ги коментираат судиските одлуки кои не му одат во прилог на српскиот кошаркар, па имаат создадено необична слика за нив.

Навивачите на НБА ширум САД ги гледаат како незгодни момци, стереотипни Срби со кои не е баш паметно да се дружите. А за тоа седочат и неколку настани од натпреварите на кој тие се дел од публиката, како на пример минатата сезона во натпреварот против екипата на Феникс, тие гласно упатуваа пцовки по судиите и играчите од спротивната екипа на Никола.

Не се шегувате со „кланот на Јокиќ“. Тоа што Јокиќ има брат со тетоважа на вратот доволно зборува за нив, напишаа американските медиуми.

Страхиња е попознат од браќата Јокиќ, бидејќи во едно од интервјуата, Никола го спомна и неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ. Никола изјави дека се плаши само од него, бидејќи тој имал проблеми со законот во Америка, а менаџерот на најдобриот играч на Денвер тврди дека се жртвувал за кариерата на Никола.

Посебно признание му припаѓа на неговиот брат Страхиња, кој целиот свој живот го искорити и посвети на успехот на Никола, кој не му дозволи да клекне кога беше најтешко, кој го бодреше, негуваше и исправаше на тој трнлив и тежок пат кон врвот, изјави менаџерот на Никола, Ражнатовиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!