Вие имате прво да ја знаете вистината

Жоан Лапорта ќе поднесе оставка на чело на Барселона!? Има еден услов од кој не отстапува

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта утре може да поднесе оставка на чело на клубот. Тој се соочува со состанокот на клубот оваа недела за да се гласа за клучна точка за него и неговиот одбор на директори. Една од клучните точки ќе биде гласањето за замрзнување на членот 67 од Статутот на клубот. „Доколку оваа точка не биде одобрена, би не принудила да поднесеме оставка“, изјави каталонскиот претседател, цитиран од „Мундо депотиво“.

Лапорта ги предупреди оние што се противат на идејата да се замрзне токму таа точка од статутот: „Ми изгледа перверзно да навлегувам во оваа тема. Да не ја правиме нашата ситуација потешка отколку што е. Сите знаеме дека нема смисла. Имаше легитимни, избори и ги наследивме обврските. Она што сакаме е да се запре финансиската регресија“.

Пред неколку дена во спортските медиуми во земјава се појави информација дека целото раководство на Барселона на следната средба ќе побара замрзнување на чл. 67 од повелбата на клубот, во кој се вели дека е должен да ја балансира финансиската состојба и да спречи банкрот, нешто со што Лапорта не успева да се справи. Претходно овој месец, раководството го објави својот финансиски извештај, истакнувајќи ги големите трошоци, сепак направени од претходниот тим предводен од Хозе Марија Бартомеу.

Лапорта изјави за Sport: „Не се сомневаме дека ќе успееме. Поради нашата почит кон клубот, рековме: „Ќе ја спасиме Барса“, па дури и го ризикуваме нашиот престиж“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!