Вие имате прво да ја знаете вистината

Зошто вдовицата на Ѓорѓе Балашевиќ ги избришала сите фотографии со пејачот?

Вдовицата на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ со својот потег повторно ги изненади љубителите на ликот и делото на познатиот уметник.


Откако ја забрани работата на Балашевиќ трибјут бенд и нареди да се отстранат сите снимки посветени на нејзиниот покоен сопруг – од видеото од збогувањето на кејот во Нови Сад до епизодата Државна работа во чест на саканиот кантавтор – Оливера Балашевиќ ги отстрани сите споделени фотографии од својот Инстаграм профил со Џоле, пишува НСхроника.

https://www.instagram.com/p/CWDQQZ3t3Sn/

На обожавателите не им е сосема јасно дали вдовицата на Ѓорѓе Балашевиќ се откажува од наследството на починатиот сопруг или се обидува да наплати за секое негово спомнување.

Имено, како што дознава споменатиот портал, Оливера од сопственикот на ресторанот Кучерда на лакат побарала материјална отштета бидејќи тоа е „израз“ што го смислил и „лансирал“ Балашевиќ во неговата песна „Намќор“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!