Вие имате прво да ја знаете вистината

Беше мачена бидејќи беше уникатна, мајката на Лејди Гага прозборе за проблемите на нејзината ќерка

Мајката на Лејди Гага, Синтија Германота, зборуваше за странските медиуми за страдањата со кои се соочила нејзината ќерка за време на тинејџерските години во Њујорк.

И покрај привилегираното воспитување во богатиот кварт Апер Ист Сајд, 35-годишната пејачка, чие вистинско име е Стефани Германота, наводно се соочила со матретирање од нејзините врсници поради нејзината „уникатност“.

“Мојата најстара ќерка Стефани почна да се бори со проблеми со менталното здравје на млада возраст, вклучувајќи депресија и анксиозност. Овие проблеми беа резултат на грубоста и малтретирањето на нејзините врсници со кои се соочуваше поради нејзината уникатност”, рече Синтија.

“Колку и да беше болен за неа овој период, таа секогаш беше отворена и искрена за своите искуства. Кога почна да ги споделува своите приказни на сцената на почетокот на нејзината кариера, се поврза со млади обожаватели кои ги имале истите проблеми како неа. Овие разговори нè поттикна да ја основаме фондацијата Born This Way“, додаде таа.

Синтија вели дека е горда на својата ќерка бидејќи ја насочила својата болка и траума да им помогне на другите луѓе.

„Секој ден во фондацијата работиме на поддршка на менталното здравје на младите луѓе работејќи со нив за да создадеме пољубезен и похрабар свет. Преку нашето истражување и разговор со младите, дознавме дека постои нераскинлива врска помеѓу добрината и ментално здравје Претходно оваа година, спроведовме студија на повеќе од 2.000 млади луѓе, на возраст од 13 до 24 години, која откри неспорни начини на кои љубезноста придонесува за многу аспекти на менталното здравје, од помагање на младите да се чувствуваат безбедно, самоуверено и помалку осамени до превенција од самоубиства. Повеќето млади велат дека ако се опкружени со добрина тоа им го подобрува менталното здравје“, заклучила мајката на славната пејачка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!