Вие имате прво да ја знаете вистината

Еве како Тито ги казнувал антиваксерите во Југославија, документот од 1947 година тоа го потврдува (фото)

Откако беше откриена вакцината против коронавирус, населението е поделено на две страни, на оние кои сакаат да ја примат вакцината и оние кои упорно ја одбиваат.

Јосип Броз Тито, исто така, имал проблеми со антиваксерите во поранешна Југославија, а документ од 1947 година, кој кружи на социјалните мрежи, открива како Тито се справувал со тој проблем и кој биле казните за непочитување.

Имено, откако една младинска бригада, која учествувала во работните акции за изградбата на пругата Шамац – Сараево, одбила да ја прими вакцината, од нејзиното име е исфрлен зборот ударна, а во тоа време тоа се сметало за голем срам.

Третата личка бригада се казнува со одземање на името ударна бригада, затоа што 90 млади од оваа бригада не сакале да се вакцинираат, со што се создава можност за ширење на заразни болести и загрозување на здравјето на младите, стои во објаснувањето.

Казната била прочитана јавно, пред собирот на сите бригади на младинската работна акција на пругата Шамац – Сараево, што го направило срамот уште поголем.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!