Вие имате прво да ја знаете вистината

Го интересира магија, пие од својата 14-та година, во роднински врски е со Дракула, го сака Хари Потер, принцот Чарлс полни 73 години

Принцот Чарлс, човек кој е синоним за чекање (на престолот), денес го слави својот 73-ти роденден. Тешко е да се поверува дека неговата мајка или сопруга ќе го приготват неговото омилено јадење на овој ден, но тоа секако ќе го направи многубројниот персонал со кој располага кралското семејство.

Престолот го чека од 1952 година кога починал неговиот дедо, а функцијата кралица ја презела неговата мајка Елизабета. Никој во историјата не чекал толку долго како тој.

Почнал да консумира алкохол на 14-годишна возраст, кога на училишна екскурзија нарачал чери бренди.

Тој има три браќа и сестри и сите се во подалечни роднински односи со Влад Тепеш, човек кој послужил како инспирација за Дракула. Чарлс поседува земја во Трансилванија и ги прослави селата што ги посети за време на едно од неговите кралски патувања.

Во неговата младост, Чарлс наводно бил заљубен во Барбара Стрејсенд. Тешко е да се помисли дека кралскиот двор би ја прифатил неа за негова сопруга. Во неговиот љубовен живот се обиде да се вклучи и Ричард Никсон, кој сакаше да му ја намести ќерката Триција но тоа не му успеа.

Пред да студира историја, се обидел да студира археологија и антропологија.

Го привлекувала и магијата, па во 1975 година станал член на магичното друштво „Magic Circle“.

Тој е висок колку неговата покојна сопруга Дијана, точно 178 сантиметри, а бил постар од неа 12 години.

Приказните од кралскиот двор велат дека принцот е многу талентиран за свирење виолончело, како и дека е голем љубител на филмови од серијата Хари Потер.

Во една прилика има водено и временската прогноза.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!