Вие имате прво да ја знаете вистината

Голема криза во Украина, исклучени се 90 отсто од сите капацитети на термоелектраните, граѓаните ги вадат свеќите

Во Украина се исклучен и не се во функција 90 отсто од капацитите на државните термоелектрани, покажуваат податоците на компанијата Укренерго.

Шеесет проценти од капацитетот, според информациите на украинската агенција УНИАН, не функционира бидејќи нема јаглен.

Вкупно, како што се наведува, не работат 14 енергетски блокови, што е рекорд. Во тек е поправка на уште шест. Само три од 23-те блока од термоелектраните во државна сопственост се во функција.

Како што потсетува Спутник, Украина оваа есен има големи проблеми со енергетскиот дефицит, кои меѓу другото се потребни за производство на електрична енергија. Една од причините за тоа е состојбата со наглото поскапување на бензинот, како и недостигот на јаглен.

Претходно претставници на самопрогласената Луганска народна република објавија дека официјален Киев изразил желба да купи јаглен од Донбас.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!