Вие имате прво да ја знаете вистината

Кралицата Елизабета се повреди, нема да се појави на денешната голема церемонија

Британската кралица Елизабета нема да присуствува на церемонијата по повод Денот на сеќавањето бидејќи го повредила грбот, пишуваат британските медиуми.

Да потсетиме, лекарот и наредил на кралицата да одмори еден месец откако таа ја поминала ноќта во болница.

Таа денеска требаше да се врати на кралските обврски, но беше повредена во замокот Виндзор. „Кралицата, откако го повреди грбот, со големо жалење одлучи дека нема да може да присуствува на денешната церемонија“, изјави портпаролот на Бакингемската палата.

Како и претходните години, венецот во име на нејзиното височество ќе го положи принцот од Велс. Неговото кралско височество, заедно со војвотката од Корнвол, војводата и војвотката од Кембриџ, грофот и грофицата од Весекс, кралската принцеза и вице- Адмиралот Сер Тим Лоренс, војводата и војвотката од Глостер, војводата од Кент и принцезата Александра денеска ќе бидат присутни на Кенотафот како е планирано.

Се додава дека повредата на грбот не е поврзана со посетата на болницата.

Како што пишува британски „Телеграф“, кралицата е длабоко разочарана бидејќи била принудена да го откаже појавувањето на овој настан, кој го смета за еден од најзначајните ангажмани годинава. Ова е прв пат од 1999 година да го пропушта, а тогаш беше во посета на Јужна Африка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!