Вие имате прво да ја знаете вистината

Овој е смртно опасен симптом на короната, рускиот епидемиолог шокираше: За неколку дена доаѓа до фатален исход!

Мутацијата на коронавирусот наречена – Делта сој има посериозни последици по здравјето на луѓето, во споредба со претходните мутации од вирусот.

Тоа може и да се поврзе со ниската телесна температура, која е карактеристична во нејзините потешки форми кај пациентите, на која треба да се посвети посебно внимание, кажува имунологот Владислав Жемчугов.

Текот на болеста е променет, бидејќи сега е доминантен видот делта на коронавирусот. Болеста предизвикана од овој вид има потешки форми. Периодот на инкубација е скратен и пневмонијата се јавува побрзо. Се разболуваат и млади луѓе, дури и деца на училишна возраст, изјави докторот.

Според истражувањата на лекарите, најтешката форма на болеста предизвикана од ковид-19 се јавува кога температурата на телото на пациентот паѓа .

Тоа е најтешката состојба која може да доведе до смртен исход за неколку дена. Најтешките пациенти имаат температура од 36 степени па и пониска, на што треба особено да се внимава, предупреди докторот Жемчугов.

Тој изјави дека температурата на телото зависи и од силата на организмот и неговиот потенцијал. Но, на температурата на човекот влијае и состојбата на хормоните, пред се тироидната жлезда, половите хормони и надбубрежната жлезда.

Во случај кога температурата на телото е ниска, тоа значи дека организмот не може да се бори со токсините и соодветно да одговори на инфекцијата. На овие пациенти им е потребен индивидуален пристап, употреба на специјални препарати кои ја зголемуваат отпорноста. Кај овие пациенти е забележан и низок крвен притисок. Дури и ако секогаш имало хипертензија, неопходно е да се примени терапија, објасни експертот.

Докторот додава дека кога болеста е полесна, човекот има нормална температура. Истовремено, тој предупреди дека за мерење на температурата е потребно да се користи само живин термометар, бидејќи тој е многу попрецизен од бесконтактниот и електронскиот.

Основата е да се измери температурата три пати по пет минути пауза. Ако пациентот е блед, има сини усни, низок крвен притисок, тогаш тоа е симптом на тревога. Потребно е да се направат сите анализи, особено ако нема симптоми на инфекцијата, препорачува Жемчугов.

Лекарот предупреди дека во услови кога голем број пациенти бараат помош, примарниот систем за справување со вирусот често не прави добра разлика, во случај пациентот да нема висока температура, на таквите пациенти не им се посветува големо внимание и им се советува да дојдат за една недела.

Во случај да се работи за силна респираторна инфекција, тогаш нема нагло опаѓање на температурата. Фазите на болеста се такви што по ниската температура телото почнува да се бори, може да биде претходник на цитокинска бура или прекумерен имунолошки одговор на телото што резултира со тешко воспаление. Молекулите немаат позитивен ефект, но го влошуваат текот на болеста. Никогаш не сум видел тешка респираторна инфекција да започне со ниска температура. Доколку докторот ја игнорира ниската температура, тогаш е неопходно да се побара нов лекар, заклучил докторот.

Претходно професорот на Катедрата за вирусологија на Биолошкиот факултет, Алексеј Аграновски, изјави дека потенцијална опасност не претставуваат сите мутации на Ковид-19, туку само варијанти со одредени својства, на пример, со повисок степен на зараза.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!