Вие имате прво да ја знаете вистината

Побогат од кралицата Елизабета: Има харем со 20 жени и официјална љубовница, тој е најбогатиот крал на светот

Сите кралски семејства, од кои во светот има многу повеќе отколку што може да помислите на почетокот, живеат во големо богатство и луксуз.

Според Сандеј тајмс, кралицата Елизабета е „тешка“ од околу 530 милиони долари, но не е најбогата. Иако е најбогата жена владетел, таа е само на 12-то место на вкупната светска ранг листа на богатство, а прв на листата на најбогати членови на кралското семејство е тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн, чие богатство се проценува на најмалку 30 милијарди долари.

Според Business Insider, најголемиот дел од неговото богатство е управуван од Royal Property Agency. Кралот поседува повеќе од 40.000 станови и простор за изнајмување, од кои 17.000 се наоѓаат во Бангкок.

Маха, кој се искачи на тајландскиот престол во 2016 година, има 23 отсто од акциите во Сиам Комерцијал банка, која е втор најголем доверител во Тајланд и 33 отсто удел во Сиам Цемент Груп, кој е најголемиот индустриски конгломерат во земјата.

Меѓу неговите адути се издвојува дијамантот од 545 карати, инаку најголем брусен дијамант во светот, чија вредност се проценува на 12 милиони долари.

Покрај тоа што ужива во огромно богатство и луксуз, моќниот крал ужива и во скандалозен љубовен живот. Тој се женел вкупно четири пати, а сегашната сопруга тоа го „дели“ со неговата официјална љубовница.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!