Вие имате прво да ја знаете вистината

Протести во центарот на Белград, полициски кордони го бранат муралот на Ратко Младиќ

Во саботата продолжи протестот најавен на “Цветниот трг” од граѓанските организации наречен „Муралот мора да падне“ во присуство на организации кои се залагаат за отстранување на муралот на генерал Ратко Младиќ и со уште две други фракции кои се против.

Полициски кордон ги опколи двете фракции, оние кои го бранеа муралот на генералот Младиќ и оние кои сакаа да го уништат.

Меѓу присутните кои протестираат против муралот се и Добрица Веселиновиќ, која е на чело на „Да не го давиме Белград“, како и Сташа Зајовиќ од „Жени во црно“ и Аида Чоровиќ.

Потсетуваме, муралот на Ратко Младиќ, за кој деновиве зборува цела Србија, во јули се појави на зградата на улицата Његошева на Врачар, а од пред неколку дена протестираат две страни.

Во текот на претходните денови на таа локација дежураше полицијата со цел да се спречат потенцијални конфликти, а пред неколку дена беше уапсена активистката Аида Чоровиќ поради фрлање јајца на муралот, по што на протест се собраа граѓани, политичари и невладини организации кои се спротиставуваат на тоа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!