Вие имате прво да ја знаете вистината

Секој четвртти кој имал “најтешка настинка” оваа есен всушност бил заразен од ковид, нови симптоми на короната

Симптомите на ковид 19 стануваат сè потешко да се разликуваат од симптомите на обичната настинка, а во едно истражување беше откриено дека во октомври секој четврти човек со симптоми слични на настинката бил позитивен на оваа болест.

Течењето од носот и главоболки често се забележани кај луѓе кои имаат ковид, се наведува во студијата со наслов ZOE Covid Symptom Study. Тоа исто така може да значи дека многу од оние кои се разболеле од „најлошата настинка досега“ можеби навистина имале ковид.

Експертите стравуваат дека јавноста не е свесна колку коронавирусот е сличен со другите респираторни заболувања во овој период од годината. Ова може да го отежне контролирањето на ширењето на вирусот, бидејќи многумина не одат на тестирање за ковид.

NHS тврди дека трите главни симптоми на Ковид поради кои треба да се направи PCR тест се треска, упорна кашлица и губење на мирис и вкус.

Иако луѓето сè уште можат да ги добијат овие симптоми кога се болни со ковид, експертите велат дека тоа е многу помалку веројатно отколку што беше на почетокот на пандемијата.

Експертите долго време бараат да се смени официјалната листа на симптоми поради новите докази.

Позитивните пациенти најчесто имаат главоболки и течење на носот, 73 отсто, потоа кивање (60 отсто), болки во грлото (49 отсто) и упорна кашлица (49 отсто).

Овие симптоми веројатно се појавиле заедно со другите, ако на пример имате само главоболка, тоа не мора да значи дека имате ковид. Студијата ги анализираше манифестацијата на ковид и на други респираторни заболувања за да даде груба индикација за тоа колку е веројатно дека „настинката“ всушност била ковид, пишува Сан.

Професорот Спектор изјавуи дека вкупно, секој четврти од оние кои имаа симптоми на настинка во октомври имаа Ковид во нашата апликација.

Канцеларијата за национална статистика, друга национална студија за надзор на ковидот, исто така известува дека „најчестите симптоми се сè уште кашлица, замор и главоболка“.

Други симптоми кои се дел од вирусниот спектар вклучуваат гадење, дијареа или абдоминална болка.

Грипот е предизвикан од различен вирус од ковидот, но ги имаат истите симптоми, што најверојатно дополнително ќе ги збуни луѓето во наредните месеци.

Студијата ZOE известува: „Нашето истражување покажува дека губењето на мирис (аносмија) или губење на вкусот сè уште е еден од најважните предвидувачи за позитивно тестирање за ковид 19, па затоа е важен симптом на кој треба да внимавате.

Заболените од грип немаат толку многу губење на мирисот и вкусот како оние со ковид, често имаат болки во телото и нагло висока температура.Тоа може да се забележи и кај ковидот, иако можеби не толку често, покажуваат податоците.

Доколку не се чувствувате добро, некои стручњаци велат дека сепак е подобро да направите PCR ковид тест.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!