Вие имате прво да ја знаете вистината

Трети избори-трет победник во Бугарија. Борисов и Слави во нокаут, победник се Промените продолжуваат, Каракачанов на апарати за дишење

На третите парламентарните избори во Бугарија имаме трет победник. На пролетните избори победи ГЕРБ на Бојко Борисов, на летните избори победи Има таков народ на Слави Трифунов, а на денешните избори победи новоформираната партија (движење) Промените продолжуваат.

Според излезните анкети и досега преброените гласови тие водат со околу три отстои разлика во однос на партијата на Бојко Борисов. Во зависност од процентот на преброените гласови партијата ПП освојува повеќе од 26 отсто од гласовиете, а ГЕРБ нешто повеќе од 23 отсто од гласовите.

На овие избори имаше рекордна ниска излезност, што покажува дека Бугарите се веќе уморни од третите избори во период од седум месеци.

Денес беше оддржан и првиот круг на претседателските избори. Во првиот круг победи актуелниот Претседател на државата, Румен Радев со освоени 49 отсто од гласовите, а во вториот круг влегува Атанас Герџиков со освоени 26 отсто од гласовитер. Вториот круг е за една недела.

Јас ќе бидам кандидат за премиер од Продолжуваме со промената, но тоа ќе биде прашање на преговори, изјави на БНТ Кирил Петков, еден од двајцата лидери на таа партија. Тој додаде дека утре ќе почнат разговори со партиите со кои ќе бараат работен кабинет.

Тој смета дека корупцијата е најважен приоритет.

Она што ние веруваме – нашите проценти ќе се зголемат поради гласовите од странство. Треба да бидеме доста блиску до процентите што ги објавивме на самиот почеток, изјави Кирил Петков.

Тој најави дијалог со сите партии надвор свен партиите на Бојко Борисов и на Турците, ГЕРБ и ДПС за да отворат можност за работна коалиција. Како прв партнер ги посочи Демократска Бугарија, но и БСП и Има таков народ, со кои имаат заеднички цели – да го сменат главниот обвинител и да ја стопираат корупцијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!