Вие имате прво да ја знаете вистината

Брачен пар по 14 години го отвараат свадбениот подарокот од тетка си: прочитајте го ова писмо кога прв пат ќе се скарате, а ова се зборовите од тетка им!

Кети и Брендон Ган од Мичиген ја крунисале својата љубов со венчавка во 2007 година, а тој ден од нејзината тетка на подарок добиле плик, за кој таа им кажала да го чуваат како клучот за спас на бракот.

Пред речиси 14 години, младенците добија строги упатства од тетка Алисон – да не го отвораат пликот до првата поголема кавга. Иако парот се скарал безброј пати, пликот на тетката лежел неотворен и заборавен, а Кети во Фејсбук групата Love What Matters објаснила:

Се сетив на денот на мојата венчавка пред речиси 14 години, па размислував кои свадбени подароци за мене имаат посебно значење.

Таа објасни како се сеќава дека нејзиниот подарок од тетка си, лежи неотворен во плакарот. Таа и нејзиниот сопруг, како што напиша, мислеле дека во пликот има обичен клуч кој симболично го „спасува“ бракот. Неодамна, парот конечно го отвори мистериозниот подарок кој содржеше две пораки, по една за двајцата.

Кети, оди земи пица, ракчиња или нешто друго што и двајцата го сакате – тетка Алисон, пишувало на листот упатен до неа, а на писмото за сопругот било оставено сличен совет од мудра тетка:

Брендон, оди земи ги цвеќињата и шишето вино – тетка Алисон.

14 години тој плик стоеше на полица и собираше прашина, но сепак некако не научи на толеранција, разбирање, компромис и трпение, напиша Кети, која, како што вели, сфатила дека она што е потребно за да се одржи силен и здрав брак некогаш не е ни во пликот, туку во себе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!