Вие имате прво да ја знаете вистината

Британски командант на вооружените сили: Велика Британија мора да биде подготвена за војна со Русија

Шефот на британските вооружени сили, кој е во заминување, изјави дека армијата ќе мора да биде подготвена за војна со Русија по неодамнешните тензии во Источна Европа, но не верува дека рускиот лидер, Владимир Путин навистина сака „вооружена битка“ со Западот , пишува The Guardian.

Генералот Сер Ник Картер изјави дека Русија сега е поголема закана во Источна Европа отколку кога тој беше назначен за шеф на вооружените сили пред осум години.

Тој изјави дека многумина се надеваат дека нема да има војна со Русија и дека тој не верува дека земјата сака физичка војна, но НАТО мора да биде подготвен на се.

Тензиите на границата помеѓу Полска и сојузникот на Русија – Белорусија, поради бегалците заглавени во камповите не престануваат. А има и силни индиции дека руските војници се собираат долж границата со Украина.

Лиз Трус, британската министерка за надворешни работи, го повика Путин овој викенд да интервенира во „срамната“ мигрантска криза што се случува на границата.

Поранешниот офицер на МИ6, Кристофер Стил изјави дека верува дека Москва мисли дека е во војна со Обединетото Кралство и нејзините сојузници.

Запрашан да ги коментира таквите наводи, Сер Ник Картер изјави:

Русија најверојатно ќе ги искористи сите инструменти на национална моќ за да ги постигне своите цели. Но, не верувам дека тие навистина сакаат вооружен конфликт. Прашањето е, се разбира, како вие ја дефинирате војната, а јас, како војник, би бил склон да ја дефинирам војната како вистински чин на борба и само борба, и мислам дека тие не го сакаат тоа.

Тој подоцна за BBC изјави дека Русија прави хибрид на дезинформации и дестабилизација, а идејата за туркање на мигрантите кон границите на ЕУ е класичен пример за такво нешто.

Запрашан дали тоа може да се претвори во воен конфликт, тој изјави:

Не знам. Мислам дека треба да бидеме внимателни и да се погрижиме да владее мирот и треба критички да се погрижиме да има единство во НАТО и да не дозволиме да се појават празнини.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!