Вие имате прво да ја знаете вистината

Бујар Османи: Ги засилуваме контактите да се најде решение за спорот со Бугарија, дали почнуваме да возиме во шеста брзина?

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој е во дводневна работна посета на Брисел, на маргините на состаноците на ЕУ-ПСЈИЕ (Процес за соработка во Југоисточна Европа) се сретна со бугарскиот привремен министер Светлан Стоев.

Ја потврдивме важноста и посветеноста за напредок во процесот на европска интеграција, регионална соработка и добрососедство на Западен Балкан и разменивме мислења за последните политички случувања по изборните циклуси во двете земји. Ја потврдивме нашата решеност да продолжиме со конструктивниот пристап и добра волја во билатералните односи. Воедно, ја поздравивме подготвеноста за интензивирање на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со надеж дека Комисијата ќе изнајде начини за постигнување конкретни резултати во следниот период кои се во интерес на двете страни, објави Османи на својот фејсбук профил.

https://www.facebook.com/bujar.osmani.7/posts/4539481362810470

Тој додаде дека до одржувањето на клучните состаноци на ЕУ во декември, се очекува да се зајакнат контактите преку постоечките форми на состаноци за да се изнајдат најдобри решенија за да се постигнат следните чекори во процесот на интеграција во Европската унија.

Само отворениот дијалог и директната соработка се најсигурни показатели за одговорност и посветеност на мирот и стабилноста, перспективите на регионот и успешното справување со сите видови предизвици со кои се соочуваме заедно, рече Османи.

Шефот на македонската дипломатијата престојува во Брисел на покана на претседавачот со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, неговиот грчки колега Никос Дендиас.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!