Вие имате прво да ја знаете вистината

Целиот свет зборува за овие нови лекови против корона, експертите ни објаснија се што треба да знаеме за нивното делување

Цел свет зборува за овие два нови лекови против коронавирусот, а фармакологот Радан Стојановиќ објасни се за тоа што треба да знаеме.

Скоро две години се бориме со пандемијата на коронавирусот, а покрај вакцините кои штитат од инфекцијата, научниците работат и на производство на лекови кои би можеле да ја намалат смртноста и хоспитализацијата.

Во последно време цел свет зборува за два нови лекови, кој го произведува компанијата Мерк и компанијата Фајзер, а повеќе детали за овие лекови презентираше фармакологот Радан Стојановиќ.

Лекот од компанијата Мерк, е практично првиот одобрен антивирусен лек кој се дава за време на лекувањето од вирусот, а лекот на компанијата Фајзер, сега за сега има само одредени прелиминарни резултати и се очекува многу брзо да добие дозвола за употреба – изјави Стојановиќ.

Tврдењата се дека лекот на компанијата Мерк ја намалува смртноста и процентот на хоспитализирани за 50 отсто, а додека лекот на компанијата Фајзер е ефикасен за 90 отсто, фармакологот објаснува дека се зависи од тоа како е направен прегледот врз пацинетот.

Да, звучи импресивно кога ќе се објават првите резлутати, но не е се така, кога малку ги анализираме резлутатите за да видиме за што навистина се работи. Овие лекови, кога станува збор за лекот на Мерк, докажано ја намалуваат хоспитализацијата за 50 отсто кај луѓето кои го користеле, во споредба со луѓето кои примале плацебо. Лекот на Фајзер, пак, се применува многу рано, во првите три дена, ефикасноста е 89 отсто, а ако се применува во првите пет дена ефикасноста е 84 отсто. Пациентите на плацебо кои беа користени во студијата, завршија хоспитализирани приближно 14 отсто, за разлика од ова второ испитување каде што само седум отсто беа хоспитализирани, така што пациентите не беа исти, тие беа различни и затоа се прави погрешен заклучок за ефикасноста – изјави Стојановиќ.

Лекот на Фајзер се дава со ритонавир, тоа е уште еден антивирусен лек, тој ритонавир се дава во комбинација со него за да се обезбеди негово подолго дејство во организмот, односно да се спречи негово разградување во црниот дроб. Меѓутоа, овој лек може да го спречи и разградувањето на други лекови во црниот дроб и да доведе до зајакнување на некои други лекови што ги зема пациентот. Автоматски, знаејќи компанијата за тоа, таа не ги вклучи тие пациенти во студијата, за разлика од молнупиравир кај што беа вклучени секаков вид на пациенти. Значи, има многу методолошки разлики – додава Стојановиќ.

Стојановиќ кажува дека овие лекови се ветувачки, но дека не треба да се носат заклучоци додека не се завршат тестовите. Доколку се покаже дека навистина функционираат, тој смета дека придобивките ќе бидат двојни – пред се за пациентите, а потоа и за здравствениот систем кој нема да биде преоптоварен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!