Вие имате прво да ја знаете вистината

Девојката на Безос е лага што чекори: Партнерката на милијардерот на удар на онлајн коментари

Еден од најбогатите луѓе во историјата, Џеф Безос неодамна го привлече вниманието на јавноста кога се појави на црвен тепих со својата девојка Лорен Санчез.

Овој пат присуствуваа на јубилејната гала “Baby2Baby” во Лос Анџелес, каде што го окупираа вниманието на медиумите, но и на јавноста.

Безос, по обичај беше облечен во класично црно одело, но вниманието на јавноста го украде привлечната Лорен, чијашто појава не поминува незабележано.

Лорен се прошета на црвениот тепих во елегантен долг фустан со тенки прерамки кој го истакнуваше нејзиниот убаво дефиниран струк.

Преубавата Санчез го комплетираше изгледот со скапоцен накит, но и нагласена шминка, а се чини дека многу коментатори на социјалните мрежи имале критично мислења за неа.

“Што не е во ред со нејзиното лице?”, ”Зошто не си ја поправи горната усна, само тоа и се гледа на целото лице”, ”Нејзиното лице изгледа како да отишло во вселената и останало таму”, ”Таа изгледа нереално, и тоа не во добра смисла”, ”Погледнете како му прави слатка стапица, таа го гледа со обожавање, непрекинато го држи, става до знаење дека е нејзин, така се чува маж”, ”Новата девојка на Безос е лага што чекори-градите и се преполни со импланти и целото лице и е полно со филтери, ништо на нејзиното тело не е нејзино. Фуј”, се само некои од илијадниците негативни комантари напишани од интернет корисниците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!