Вие имате прво да ја знаете вистината

Експертите предупредуваат: избегнувањето на вакцинацијата може да биде трагична грешка: новите таблети против Ковид-19 се ефикасни, но вакцината треба да биде преиоритет

Некои експерти од областа на заразни болести, стравуваат дека пристигнувањето на антивирусните таблети може дополнително да ја нарушат кампањата за задолжителна вакцинација.

Антивирусни апчиња развиени од компаниите Мерск и Фајзер, се покажаа како успешни во ублажувањето на тешките ефекти и хоспитализацијата на пациенти со Ковид-19, доколку истите се земаат во рана фаза, но лекарите укажуваат на тоа дека спречувањето на болеста со вакцинација е подобро решение од третманот со таблети.

Според истражувањето на Фондацијата Kaizer Family, 72 отсто од возрасните жители на Америка ја примиле првата доза од вакцината против коронавирус. Сепак, темпото на вакцинација е забавено, додека ставовите на Американците за безбедноста при примањето на вакцината против Ковид-19, во голема мера зависат од нивната партиска пристрасност.

Барањето за задолжителна вакцинација воведени од некои приватни компании, сојузни држави и администрацијата на претседателот Џо Бајден, се најмногу заслужни за зголемувањето на поделбите на Американското население, но исто така тоа предизвика и дебати за ставовите за вакцинацијата.

Некои експерти за заразни болести стравуваат дека со пристигнувањето на антивирусни таблети може дополнително да ја наруши кампањата за вакцинација.

Прелиминарните резултати од истражувањето на 3.000 американски граѓани спроведено од Универзитетот во Њујорк, открива дека достапноста на апчињата може да ги одврати луѓето од вакцинација, изјави Скот Ракан, кој го предводеше истражувањето од споменатиот универзитет.

Рачан додава дека секој осми испитаник избира третман со таблети наместо вакцинација, што според него тоа е висок процент.

Неговата загриженост е поврзана со податоците објавени од компанијата Фајзер, според кои експерименталните антивирусни апчиња Paxlovid го намалуваат ризикот од хоспитализација и смрт за 89 отсто кај возрасните луѓе и оние со висок ризик.

Резултатите на Фајзер дојдоа откако Merck и Ridgeback Bayotherapy објавија на 1 октомври дека нивниот лек, молнупиравир, го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 50 отсто.

Споменатиот лек минатата недела доби условно одобрение за употреба и во Велика Британија.

Двата лека, паксловид и молнупиравир, бараат одобрение од американските здравствени регулатори, и истите би можеле да се најдат на пазарот веќе следниот месец.

Ако се потпираме исклучиво на антивирусните лекови, тогаш се коцкаме со сопственото здравје, изјави Питер Хотез, професор по молекуларна вирологија на Универзитетот Бејлор. 

Шест експерти за заразни болести интервјуирани од страна на Ројтерс изразија задоволство од позитивните резултати на новите лекови против Ковид-19, но исто така предупредија дека лековите во никој случај не се замена за вакцината.

Според студијата спроведена од страна на воените ветерани на САД, вакцината на Фајзер е ефикасна во борбата против ризикот од хоспитализација во 86,8 проценти од случаите, дури и во случај на високо заразниот делта сој.

Мислам дека веста од Фајзер звучи одлично, но тоа не значи дека имаме замена за вакцината, изјави Лиана Вен, професор на Универзитетот, Џорџ Вашингтон.

Прескокнувањето на вакцинацијата би било трагична грешка, изјави Алберт Бурла, извршен директор на компанијата Фајзер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!