Вие имате прво да ја знаете вистината

ГО ИЗНЕНАДИ ЦЕЛИОТ РЕГИОН: Оливера Балашевиќ откри зошто го врати во употреба своето моминско презиме

Вдовицата на легендарниот пеач Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера Балашевиќ објасни на својот Фејсбук профил зошто го вратила своето моминско презиме.

Имено, неодамна ја заинтригирала јавноста во Србија кога ги избришала сите фотографии со Ѓорѓе Балашевиќ на Инстаграм, па затоа тамошните медиуми почнале да нагаѓаат за што се работи.

“На насловната страна на книгата која е причината за моето рекламирање, стои презимето Савиќ, моето моминско и презиме на мојата мајка, кое ме чуваше во годините прераскажани на страниците кои следат… Го ставив од почит, наместо посвета, а помалку и од празноверие, не баш како зајчева шепа, туку како крило на ангел кој совесно бдеел над куќата кај Бегеј. Така што, нема никаков скандал, дури ни мистерија околу тоа, ниту нешто што би можело да им конкурира на “задруги” и короната во медиумите, во ретките преостанати весници и во таканаречените портали. Ако заради некоја причина се случи да станете таканаречена “јавна личност”, најчесто ве гледаат како јавна сопственост па така и се однесуваат кон вас”, напиша Оливера на својот Фејсбук профил.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!