Вие имате прво да ја знаете вистината

Идеална комбинација за ручек: тиквички со суво месо!

Почитувани љубители на добрата храна и вредни домаќинки, дали ви е здосадено од секојдневните размислувања на темата што денеска за ручек ? Доколку одговорот е да, ние Ви нудиме совршен рецепт за еден поинаков ручек, кој е лесен за приготвување и многу вкусен за јадење. Станува збор за тиквички со суво месо, идеално за целата фамилија. А ова се намирниците кој ќе ви бидат потребни за да го направите овој неодолив ручек:

Состојки: 4 тиквички, 1 кг домати, 1 црвен кромид, 2 чешниња лук, 1 лажица шеќер, 1 лажица копар, 100 гр суво месо, 100 гр сирење, половина китка магдонос, маслиново масло, сол и босилек.

Подготовка: Тиквичките се сечат по должина и се вдлабнуваат со лажица. Премачкајте ги со маслиново масло и ставете ги во веќе подмачкан огно-отпорен сад. Печете ги 30 минути на 220 степени.
Во меѓувреме на маслиново масло ставете го црвениот кромид, а потоа доматот исечкајте го на парчиња
Кога е веќе готово додадете го лукот и магдоносот. Извадете ги тиквичките и ставете слој фил, слој суво месо, сирење и повторно слој фил. Печете уште 15 минути, и сето тоа е спремно за јадење и фамилијарно уживање!

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!