Вие имате прво да ја знаете вистината

Криза за поранешниот американски претседател, Доналд Трамп: Тој го продаде хотелот во Вашингтон вреден 375 милиони долари!

За време на мандатот на поранешниот претседател на САД, овој хотел кој е отворен во септември 2016 година оствари дефицит од 70 милиони долари!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се соочува со економска криза, почна да го продава својот имот, а неговиот хотел во Вашингтон прв си замина од неговата богата листа со имоти низ САД. Трамп доби 375 милиони долари за зградата која располага со 263 соби во центарот на главниот град на САД, Вашингтон.

Хотелот Trump International кој во иднина ќе се вика Waldorf Astoria и со него ќе управува Hilton Group, според BBC, истрагата на Конгресот минатиот месец утврдила дека овој хотел, кој Трамп помпезно го отворил во септември 2016 година, направил дефицит од 70 милиони долари за време на неговиот четиригодишен престој во Белата куќа. 

Во тој период во него со задоволство останувале високи функционери на Републиканската партија. Затоа поранешниот претседател го понудил хотелот на продажба уште во 2019 година. Станува збор за зграда стара 120 години, која порано била пошта, а се наоѓа на помалку од два километри од Белата куќа и познатата авенијата – Пенсилванија. Трамп всушност не бил сопственик на хотелот, туку тој го изнајмил на 60 години.

Постојат неколку контроверзи поврзани со овој хотел. Во еден случај од 2018 година, се тврди дека група верски водачи побараа од властите да му ја одземат дозволата на хотелот за точење на алкохол, велејќи дека неговиот сопственик „не е личност со добар карактер“. Потоа следеше уште една контроверзност кога Трамп изјави јавно дека хотелот остварил профит од 150 милиони долари за време на неговиот мандат како претседател.

По таа контраверзна изјава на Трамп, следеше конгресна истрага која утврди дека тој лажел и дека хотелот всушност работел во дефицит. Истрагата, исто така, покажа дека Трамп прикрил потенцијален конфликт на интереси бидејќи, како сопственик, бил и заемодавател и гарант за заеми од трети лица. Во документите стои дека хотелот добил уплата од 3,7 милиони долари од странски влади, што е доволно да плати 7.400 ноќевања. Трамп потоа негираше дека бил вклучен во какви било незаконски дејствија.

Годинава Трамп за прв пат во последните 25 години испадна од листата на 400 најбогати Американци која традиционално ја прави познатиот магазин Форбс. Богатството на поранешниот американски претседател, од кое повеќето е недвижен имот, се проценува на 2,5 милијарди долари. Се проценува дека изгубил 600 милиони долари од почетокот на пандемијата, наведува Форбс. Од 1997 до 2016 година, Трамп беше меѓу првите 200 на оваа листа. 

Неговиот пад на листата доволно зборува за загубата на имот во последните години. Потсетуваме, медиумите претходно објавија дека Трамп со години не плаќал даноци, а како причина ги навеле деловните загуби.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!