Вие имате прво да ја знаете вистината

Најбогатиот човек на планетата, Илон Маск со директни критики кон Џо Бајден: вие сте марионета!

Конфликтот помеѓу компанијата Тесла и американската администрација ескалираше кога извршниот директор на компанијата, Илон Маск неодамна на социјалната мрежа Твитер го нарече претседателот Џо Бајден марионета на Синдикатот на авто-работниците (UAW).

Маск реагираше на твитот во кој беа претставени даночните олеснувања за купување електрични возила предложени во нацрт-законот за инфраструктура на Бајден. Предлогот вклучува дополнителни 4.500 долари за електрични возила собрани од синдикални работници.

Бесрамно: озогласеното мито на Сендикатот на авто-работници (UAW) од 4.500 долари во проектот „Да изградиме повторно подобро“ (HR 5376) ги исклучува американските фабрики за автомобили во сопственост на вработените, како што е случај со компанијата Тесла, дури и ако тие формираат синдикат. Тој ги дефинира „квалификациите за домашно собрание“ кои бараат повеќе од 50 отсто од вработените да не се акционери во компанијата – стои во објавата Тесла Фактс на Твитер.

Бајден е марионета на UAW, напиша на својот Твитер профил, Маск .

Блумберг наведува дека, според предлогот за данок и трошење од 1,75 билиони американски долари, презентиран од Белата куќа минатиот четврток, производителите на автомобили од Детроит во Мичиген би можеле да понудат 4.500 долари повеќе даночни кредити на американските купувачи отколку ривалите како што се Тесла и Тојота.

Маск неодамна изјави дека ќе го пресели седиштето на компанијата Тесла од Пале Алта во Силиконската долина во Тексас, каде што компанијата гради голем комплекс за производство на автомобили и електрични батерии. Тексас е познат по поевтина работна сила и помалку строгите регулативи.

Блумберг посочува дека Бајден застанал на страната на производителите на автомобили од Детроит со планот за заеми за електрични возила, додека странските производители и Тесла велат дека предлогот неправедно го зајакнува регионот на Детроит, родното место на автомобилската индустрија во САД. Според регионалната комора на нејзината веб-страница, Детроит произведува повеќе автомобили и камиони од која било друга држава во САД.

Меѓутоа, проблемот во автомобилската индустрија, што преставува моќен мотор на глобалната економија, го загрозува растот на компаниите кои зависат од автопроизводителите, бидејќи од тоа зависат многу бизниси и пари.

Забавувањето на производството може да има долгорочни последици. Ударниот бран што ја потресе индустријата доаѓа од кризата со полупроводниците, која ги принудува сите производители на автомобили да ги елиминираат работните смени или привремено да ги затворат производните линии, а Њујорк тајмс наведува дека земјотресот би можел да биде доволно силен за да турне некои земји во рецесија.

Ова не е прв напад на Маск врз даночниот план на Бајден. Извршниот директор на Тесла неодамна го критикуваше предлогот на Бајден за данок на нереализирана добивка за милијардерите, што ќе ги таргетира ултра богатите претприемачи како што се тој и Џеф Безос.

Реагирајќи на постот во кој се критикува планот за нов данок за милијардерите за да се плати планот на Бајден за социјалните услуги и борбата против климатските промени, Маск предвиде дека овој предлог за оданочување на богатите на крајот ќе се прошири на нови давачки за средната американска класа.

Така е. На крајот им снемуваат туѓи пари и потоа доаѓаат по нас – изјави најбогатиот човек на светот на Твитер.

Маск, чие богатство речиси целосно се заснова на акции во акциите на неговите компании Тесла, СпејсХ и Боринг, би бил особено ранлив на новиот даночен план. Претходно оваа година, протечените даночни документи до кои дојде „ПроПублика“ покажаа дека Маск и другите милијардери – вклучително и Џеф Безос – во голема мера избегнувале да плаќаат даноци чувајќи го најголемиот дел од своето богатство во акции.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!