Вие имате прво да ја знаете вистината

Не го пропуштајте овој феномен, најдолгото затемнување на месечината во овој век е пред нас!

Следната недела светот ќе може да биде свдок и да ужива во најдолгото делумно затемнување на Месечината во овој век. Тој величествен момент ќе се случи ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти ноември, тоа ќе може да се гледа од повеќето делови на светот, вклучително и во Европа.

НАСА точно предвидува дека целосното затемнување ќе трае 3 часа, 28 минути и 23 секунди.

Делумното затемнување на Месечината, која ја покрива сенката на Земјата 97 отсто кога е полна Месечина, ќе биде убедливо најдолго во овој век. Претходното целосно затемнување се случи во 2018 година и траеше 1 час и 43 минути.

Според опсерваторијата на Универзитетот Батлер во Индијана, ова ќе биде најдолгото делумно затемнување на Месечината во последните 580 години.

Затемнувањето на Месечината се случува кога Земјата ќе помине помеѓу Месечината и Сонцето, така што сенката на нашата планета ја покрива Месечината.

Сенката може да ја блокира целата, или во случај на делумно затемнување, поголемиот дел од сончевата светлина која паѓа на Месечината, па Месечината добива темна, црвеникава боја.

Оваа боја се појавува затоа што сончевата светлина, и покрај тоа што е директно блокирана од Земјината сенка, се криви околу нашата рамнина и патува низ атмосферата на Земјата за да стигне до Месечината.

Земјината атмосфера ги филтрира пократките, сини светлосни бранови и пренесува црвена и портокалова боја.

Обоените бранови потоа минуваат низ атмосферата на Земјата и продолжуваат да патуваат до Месечината, обвивајќи ја со црвена светлина од махагони.

Затемнувањето ќе биде најмногу видливо од Северна Америка и Тихиот Океан, Алјаска, Западна Европа, Источна Австралија, Нов Зеланд и Јапонија.

Иако почетните фази на затемнувањето ќе се случуваат пред изгревањето на Месечината во Источна Азија, Австралија и Нов Зеланд, набљудувачите во тие делови на светот ќе можат и да го видат затемнувањето кога ќе го достигне својот максимум.

Од друга страна, ниту една фаза од затемнувањето нема да биде видлива од Африка, Блискиот Исток и Западна Азија. Во други области, облаците би можеле да го оневозможат набљудувањето.

Затемнувањето на Месечината обично се случува двапати годишно, а следното целосно затемнување ќе биде помеѓу 15 и 16 мај 2022 година, а потоа уште едно помеѓу 7 и 8 ноември 2022 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!