Вие имате прво да ја знаете вистината

Не сакаме нови диктатури, Орбан откри дали Унгарија ќе излезе од ЕУ!

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан изјави дека Унгарија нема да ја напушти Европската Унија, но дека остро ќе се спротивстави на обидите од Брисел да го наруши нејзиниот суверенитет.

По комунистичката бирократија, не сакаме нови диктатури, овојпат од Брисел – изјави Орбан на Конгресот на Фидес, каде тој беше реизбран за лидер на актуелната владејачката партија во Унгарија.

Орбан изјави дека Унгарија сака да го задржи својот суверенитет, и дека не сака да биде во како некој други европски земји, и дека ќе го отфрли западниот либерализам.

Нема да се откажеме од правото да ги браниме нашите граници, и да ги запреме мигрантите. Инсистираме дека бракот во Унгарија е помеѓу маж и жена, таткото е маж, а мајката е жена и тие треба да ги остават нашите деца на мир- додаде Орбан.

Орбан посочи дека на ЕУ и се неопходни реформи и дека целта на Унгарија е да се случат промени, а не да го напушти блокот во кој се приклучиле во 2004 година.

Воопшто не сакаме да излеземе од ЕУ, не можат така лесно да се ослободат од нас – заврши Орбан.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!