Вие имате прво да ја знаете вистината

Новак остана без тренер на завршниот турнир во Торино, причината не е нималку пријатна

Горан Иванишевиќ, тренерот на најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, го напушти Торино и се врати дома, бидејќи неговиот син се заразил со Ковид-19. Иванишевиќ ја потврди оваа информација дека морал да ја напушти Италија поради болеста на неговиот син.

Да се присетиме, Иванишевиќ и неговата сегашна сопруга Нивес, го имаат нивниот тригодишниот син Оливер, додека со поранешната сопруга Тијана Драговиќ имаат две деца, синот Емануел и ќерката Амбер.

Новак на завршниот Мастерс во Торино дојде во комплетен состав, кога е во прашање стручниот штаб, па во тимот се и Марјан Вајда, кондицискиот тренер Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бадио.

Српскиот тенисер е во групата со Стефанос Циципас, Андреј Рублев и Каспер Руда, а првиот меч го игра во понеделник со почеток во 14 часот со норвежанецот Руда.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!