Северина повторно ги воодушеви својте фанови, објави фотографија на која таа држи бебе во рацете (фото)
Северина денеска повторно ги воодушеви своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм, со прекрасна фотографија. Имено, пејачката во рацете држи бебе, а тоа е тримесечниот син на нејзината братучетка Мија Поповиќ. До нив во кадарот е и синот на Северина, Александар, кој е клекнат и гледа во бебето.
Како што е познато од поодамна, Северина успешно се избори за старателство над својот синот. Летово сплитскиот суд и го врати старателството на Северина над нејзиниот син, а момчето сега половина од времето го поминува со неа, а половина со својот татко.
Северина во описот на својата фотографија стави неколку хаштагови кој алудираат на љубовта кон децата на фотографијата, а фановите воодушевено ја коментираа фотографијата и виртуелно испратија љубов до Северина и нејзиниот син.