Вие имате прво да ја знаете вистината

Синот на Моамер Гадафи, Сеиф ел Ислам официјално влегува во претседателската трка на изборите во Либија!

Синот на брутално соборениот либиски лидер, Моамер Гадафи, Сеиф ел Ислам, официјално се кандидираше за претседателските избори закажани за декември, изјави претставник на изборната комисија за локалните медиуми.

Сеиф ал Ислам Гадафи ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори до канцеларијата на Изборната комисија во Сабха, на југозападот на земјата, изјави претставникот за либискиот канал, Ел Расми.

Либија потона во хаос за време на бунтот во 2011 година, кога нејзиниот долгогодишен лидер Моамер Гадафи беше соборен и убиен.

Во претходните години, земјата беше поделена на две паралелни и конфликтни влади, едната го контролира истокот, а другата западот на Либија.

Секоја од владите имаше поддршка од неколку паравоени единици и неколку странски држави.

Примирјето е на сила од октомври 2020 година, а земјата сега е управувана од преодна влада чија задача е да ја подготви земјата за изборите во декември.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!