Вие имате прво да ја знаете вистината

Столтенберг: Алијансата не постигна консензус за полноправно членството на Украина во НАТО

Земјите членки на НАТО Алијансата, се уште немаат постигнато консензус за тоа дали Украина треба да биде дел од Алијансата, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Доколку сакате да бидете членка на Алијансата, тогаш мора да ги исполните стандардите на НАТО. Ние и помагаме на Украина во организирањето на борбата против корупцијата, но останатите 30 сојузници мора да се договорат околу ова прашање, поради што сега немаме консензус да ја повикаме Украина да стане полноправна членка – изјави Столтенберг.

Тој напомена дека НАТО ги зајакна односите со Украина, но објасни дека оваа земја не подлежи на петтиот член од повелбата на организацијата, која предвидува колективна одбрана.

На самитот во Букурешт во април 2008 година, НАТО усвои политичка изјава дека Украина и Грузија на крајот ќе станат членки на Алијансата, но одби да обезбеди Акционен план за членство за овие држави, а тоа преставува прв чекор во правниот процес за пристапување кон организацијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!