Вие имате прво да ја знаете вистината

Светот на чекор пред втората генерација на вакцини против Ковид-19, лесно се нанесува на телото и е во форма на кожен фластер!?

Компанијата Емеркс, со седиште во Велика Британија, наскоро ќе започне со клинички испитувања на втората генерација на вакцини против коронавирус, која лесно ќе се нанесува на телото, во форма на кожен фластер и ќе ги користи Т-клетки за убивање на заразените клетки.

Таквата вакцина би можела да понуди подолготрајен имунитет од сегашните вакцини.

Вакцините ќе имаат Т-клетки кои ќе ги отстранат инфицираните клетки од телото набргу по инфекцијата, со што ќе ја спречат репликацијата на вирусот и болеста.

Додека антителата кои произлегуваат од произведувањето на инстант вакцините против Ковид-19 се држат до вирусот и го спречуваат да ги инфицира клетките, Т-клетките ги наоѓаат и уништуваат заразените клетки.

Вакцините како што се Pfizer / Bayontek и AstraZeneca исто така ја разгледуваат можноста за почеток на испитувања и производство на Т-клетките, но во помала мера.

Емеркс, наводно, добила зелено светло од швајцарскиот регулатор за лекови, за спроведување на првични испитувања на луѓе во Лозана, во кои ќе бидат вклучени 26 волонтери кои ќе добијат високи и ниски дози од нејзината експериментална вакцина против коронавирус од 3 јануари следната година.

Привремените резултати од тестовите се очекуваат да бидат објавени во јуни следната година, додека вакцината би можела да биде подготвена за употреба во 2025 година.

Тековните вакцини против вирусот генерално даваат одговор на антитела но тие опаѓаат со текот на времето, што значи дека на луѓето им требаат засилувачки дози за да се заштитат од вирусот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!