Вие имате прво да ја знаете вистината

Терористички напад во Ливерпул!? Такси експлодираше пред болница, едно лице го загуби својот живот

Полицијата потврди дека едно лице го загубило својот живот, а друго е пренесено во болница каде му се укажува лекарска помош.

При експлозија на такси возило пред Женската болница во Ливерпул, Велика Британија, Полицијата потврди дека едно лице загинало, а друго е пренесено во болница каде што му се укажува медицинска помош, , пишува The Guardian. 

Причината за експлозијата се уште не е позната, но има сомнение дека се работи за еден вид на терористички чин, бидејќи превентивно истрагата ја водат специјалци од антитерористичката единица.

Брзо работиме на откривање на околностите за немилиот настан, и набрзо ќе бидете известени за нив – велат оттаму.

Иако истрагата се уште е во тек, полицијата ја информираше јавноста дека тројца мажи на возраст од 29, 26 и 21 година се уапсени во областа Кенсингтон според Законот за тероризам.

Градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон го опиша настанот како вознемирувачки. Таа им се заблагодари на службите за брзата реакција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!