Вие имате прво да ја знаете вистината

Тој е најмладиот студент на Харвард, на само 18 месеци можел да чита весници, а зборувал и 40 јазици. Кој е Вилијам Џејмс Сидис, човекот со најголем коефициент на интелигенција !?

Се проценува дека Алберт Ајнштајн имал коефициент на интелигенција 160, Исак Њутн 190, а основачот на најпопуларната социјална мрежа Фејзбук, Марк Цукерберг 152. Овие луѓе се едни од најпознати низ светот како најголеми генијалци.

Сепак, во историјата имаше еден човек за кој се верува дека имал коефициент на интелигенција помеѓу 250 и 300. Ова е човек кој некогаш важеше за чудо од дете.

Тој беше исклучително добар математичар и најинтелигентниот човек во историјата, а покрај тоа тој беше и талентиран писател. 

Вилијам Џејмс Сидис е роден во Њујорк во 1898 година. Неговиот татко Борис бил угледен психолог кој се гордеел со своите четири дипломи од Универзитетот Харвард. Неговата мајка исто така била угледна личност, докторка. Бидејќи неговите родители биле паметни и успешни луѓе, истото го очекувале и од својот син, но, тој ги надмина сите претпоставки и очекувања и се покажа дека е многу повеќе од просечниот човек.

Познато е дека Вилијам можел да чита весници на само 18 месеци. Додека пак на осумгодишна возраст го научил латинскиот, грчкиот, францускиот, рускиот, германскиот, хебрејскиот, турскиот и ерменскиот јазик и писмо. А покрај тоа, интересно е што малиот Вилијам измислил и свој јазик а го нарекол Вендергуд. 

Свесен за натпросечната интелигенција на неговиот син, Борис Сидис се обидел да го запише на Харвард, но тој бил одбиен бидејќи Вилијам тогаш имал само девет години. Две години подоцна, во 1909 година, Универзитетот ја прифати апликацијата и така Вилијам стана најмладиот човек што некогаш се запишал на престижниот Харвард.

До 1910 година, неговото знаење за математиката се зголемило толку многу што професорите му дозволувале на Вилијам да предава на часовите. Го нарекувале чудо од дете. А на свој 16 години, тој се стекнал и со диплома за ликовни студии.

Познато е дека славата може да биде многу тешка и оптоварувачка, особено доколку таа се стекнете на рана возраст. Набргу по дипломирањето, Вилијам им рекол на новинарите дека сака да живее совршен живот, кој според него тоа значело осамен живот. Тој исто така порачал на јавноста дека никогаш нема да се ожени.

Славата што ја стекна, но не ја многу сакаше, и одлуката за повлеченост од јавност, се одрази на притисокот што Вилијам го трпеше од неговите родители. Бидејќи тој самиот, без помош на својте родители, бил угледен и славен, таткото на Вилијам сакал да го направи својот син ѕвезда. За да го постигне тоа, своето знаење од психологија почнал да го применува на синот и ужасно го притискал и терал да се повеќе експонира во јавноста. 

Иако Вилијам уживал во учењето како дете, кога пораснал неговото мислење драстично се променило и за се го обвинувал својот татко. Колку бил лут на својот татко говори и фактот што кога Борис починал во 1923 година, Вилијам одбил да отиде на неговиот погреб.

Како што и обично правеа генијалците, за да не се истакнат на кој било начин, Вилијам работеше просечна работа, ниско платена. Се вработил како помошник свештеник, но луѓето сепак успевале да го препознаат, па подоцна го сменил и тоа работно место. Во 1924 година, новинарите успеваат да откријат дека Вилијам работи ниско платена физичка работа, но овој пат пофалбите за бунтовничкиот гениј изостанаа – сега насловите на весниците го исмејуваат некогашното чудо од дете и истакнаа дека Вилијам повеќе не може да го прави она што го можел како дете.

Тоа, се разбира, не е точно, што подоцна се докажува и преку мноштвото бесценети книги што Вилијам ги напишал за време на неговиот живот под разни лажни имиња. Иако тој се обидел да живее илегално, Вилијам бил уапсен во 1919 година како учесник во насилниот протест во Бостон и бил осуден на 18 месеци затвор.

Но, родителите пронајделе начин како да го ослободат од затвор и наместо тоа го затвориле сопствениот син во санаториум на две години.

Вилијам целиот свој живот го поминал целосно осамен и вознемирен од славата што ја имал а не знаел како да ја контролира. Се отуѓил од семејството и почнал да работи како машински работник за да успее да врзе крај со крај. Вилијам Џејмс Сидис, човекот кој можеше да го промени светот, ненадејно почина на 46 годишна возраст, поради мозочно крварење, од кое почина и неговиот татко.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!