Вие имате прво да ја знаете вистината

Видео: невидена глупост од Златан Ибрахимовиќ, поради тоа Шведска останува без него во бараж натпреварите за СП!

Без разлика што загубија од Шпанија во последниот квалификациски натпревар со резлутат од 1:0, шведските фудбалери ќе имаат можност да заминат во Катар во дополнителните квалификации односно бараж, но тие во составот ќе го немаат нивниот легендарен играч, Златан Ибрахимовиќ.

Имено, легендарниот напаѓач направи вистинска будала од самиот себе, кога на крајот од натпреварот, поточно во судиското продолжение, дивјачки одзади го удри Аспиликуетуи, играчот и капитенот на Челзи и заработи жолт картон. Тоа беше навистина непотребен потег на еден инаку одличен фудбалер, а жалба на оваа одлука најави шведскиот фудбалски сојуз.

ФИФА тешко дека ќе слушне за нивната жалба, бидејќи е јасно дека единствениот потег на Златан во 92. минута од натпреварот беше да го погоди противникот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!