Вие имате прво да ја знаете вистината

Вознемирувачко видео: обајвена снимката од моментот на експлозијата на таксито во кое бил бомбашот самоубиец во Ливерпул

Едно лице загина во експлозија на такси возило во Ливерпул кога бомбаш самоубиец ја активирал бомбата. За среќа, таксистот преживеал, а била избегната поголема трагедија бидејќи експлозијата се случила пред болница.

Надзорните камери го снимиле моментот на експлозијата. На снимката се гледа како такси возилото влегува во болничкиот паркинг и експлодира во моментот на паркирање.

Таксистот Пери (45) се чини дека бил заложник (киднапиран) од бомбашите и им сигнализирал на граѓаните да не се приближуваат до автомобилот, бидејќи според снимката се гледаа само неколку секунди по експлозијата, и како еден човек притрчал до возилото и го извлекол таксистот.

Според неофицијални информации, таксистот всушност го заклучил убиецот во автомобилот по цена на сопствениот живот и на тој начин го спречил да трча во болница и да ја активира бомбата, а со тоа и да предизвика голема несреќа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!