Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ доби важна покана на негова адреса од страна на претседателот на САД, Џо Бајден

Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ денеска доби и официјална покана од Белата куќа за учество на Самитот за демократија, организиран од претседателот на САД, Џо Бајден.

Во поканата, во име на американскиот народ, Бајден упати најдобри желби до претседателот на Србија, Вучиќ и народот на Србија.

Го препознаваме и цениме вашето партнерство во работата за градење демократско општество кое ги почитува човековите права и кое овозможува просперитет за сите граѓани. Во време на големи предизвици и големи можности, поважно е од кога и да е, демократските држави да покажат дека можат да се грижат за потребите на своите граѓани и да се соочат со глобалните предизвици – се наведува во поканата што лично ја потпиша Бајден.

Бајден изјави и дека со задоволство го поканува Вучиќ да учествува на виртуелниот Самит за демократија, кој ќе се одржи на 9ти и 10ти декември годинава.

Ги повикувам шефовите на држави и влади, други владини претставници и претставници на компании и невладини заедници да ми се придружат во преземањето на акција за зајакнување на демократијата и одбрана од авторитаризмот, борбата против корупцијата како и промовирање на почитувањето на човековите права – се вели во поканата на Џо Бајден.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!