Вие имате прво да ја знаете вистината

Жозеп Борел: Состојбата во Западен Балкан не е добра

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, вели дека на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се разговара за Западен Балкан, особено за БиХ и за дијалогот Белград-Приштина, пренесува Танјуг.

Пристигнувајќи на состанокот на Советот на ЕУ, Жозеп Борел коментираше дека има „трендови во БиХ кои го поткопуваат единството на земјата и го оштетуваат нејзиниот европски пат“.

„Генерално, ситуацијата на Западен Балкан не е добра“, додаде Жозеп Борел.

Во работен документ подготвен од Европската служба за надворешни работи се наведува дека целокупната „атмосфера околу дијалогот Белград-Приштина е сè уште сложена“. Во него се посочува дека „не е постигнат никаков напредок во последните месеци“ и повикува на „враќање за да се фокусира на неисполнетите обврски“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!