Вие имате прво да ја знаете вистината

Зидан кажа НЕ!? Тој не е очаен за да се врати по секоја цена на тренерската клупа!

Зинедин Зидан нема намера да се врати на работа.

Фабрицио Романо ги демантираше гласините од англиските медиуми и истакна дека Зинедин Зидан не размислува за клупата на Манчестер Јунајтед.

Романо тврди дека Зидан не сака да преземе ниту еден тим без предходно одработени подготовки и претсезона и дека не е очаен во желбата да се врати на тренерската работа.

Зидан веќе неколку месеци ужива во слободното време, откако на крајот од минатата сезона го напушти Реал Мадрид.

Да потсетиме, Зидан се поврзуваше и со Пари Сен Жермен и француската репрезентација, но тие клупи во овој момент се далеку од слободни.

Како што стојат работите, не е ни блиску ниту до клупата на Јунајтед.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!