Вие имате прво да ја знаете вистината

Чудо на имунолошкиот систем на човекот: лекарите тврдат дека пациентка од Аргентина успеала сама да го елиминира ХИВ вирусот

Лекарите тврдат дека жена од Аргентина е втората личност во светот чие тело природно го елиминирало ХИВ вирусот, без никакви лекови и медицински третмани.

30-годишната жена, по осум години по првата дијагноза не покажувала знаци на ХИВ, а не добила никаков медицински третман.

Уживам во своето здравје. Имам здраво семејство. Не мора да ме лекуваат, живеам како ништо да не се случило. Ова е веќе привилегија, изјавила младата мајка.

Првата пациентка која успеала да се излечи од ХИВ сама по себе е 67-годишната Лорин Виленберг.

Ова е вистинско чудо на човечкиот имунолошки систем, изјави имунологот Ксу Ју од Бостонскиот институт, и додаде дека, ваквите примери на природен развој на лекови покажуваат дека нашите напори да најдеме лек за ХИВ инфекцијата не се недостижни.

Докторот Стивен Дикс се согласува со неа и изјави, сега мораме да ги разбереме механизмите. Како се случува ова и како можеме да го примениме во терапија на други луѓе.

Лекарите следеле и анализирале примероци од крвта од пациентката од Аргентина во период 2017 до 2020 година, а додека во меѓу време жената успеала и да се породи во март 2020 година.

Жената не земала никаква терапија од 2019 година кога забременила и родила здраво бебе кое не е позитивно на ХИВ.

Засега не е јасно како телото на жената успеало да го елиминира ХИВ вирусот, но експертите сметаат дека станува збор за комбинација на различни имунолошки механизми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!