Вие имате прво да ја знаете вистината

Цеца беше главна гостинка на забавите на Земунскиот клан: Тие и позајмуваа големи пари, а за возврат барале да им даде алиби!

Ражнатовиќ имала финансиски проблеми, Легија и предложил да побара пари од Спасојевиќ, а земунците и дале неколку стотици илјади марки. Воспоставиле и пријателски врски. И таа неколку пати одела кај нив во Шилерова улица каде беше нивното седиште.

Државата предходно реши да се ослободи од поранешниот командант на српската добровољачка гарда, Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој беше убиен. Тоа во интервјуто за белградски Курир го изјави поранешниот началник на Управата за криминалистичка полиција (УКП), Миле Новаковиќ.

Аркан беше бог на криминалот во деведесетите, учествуваше во војни, почна да се занимава со политика. Можеше да заврши се што сакаше. Сè што е сериозно во белградскиот криминал се вртеше околу него. Ги рекетираше сите криминалци кои се занимаваа со тежок криминал и заработуваа многу пари шверцувајќи нафта, цигари, дрога. Но, во еден момент претера. И тогаш дека еден тим од криминалци се организирал и со помош на некои луѓе од безбедносниот сектор се согласиле дека е време да го отстранат.

Аркан во тоа време веќе се опуштил, немал голема свита околу себе, а потоа се случило неговото убиство во Интерконтинентал, на 15 јануари 2000 година, наведува Новаковиќ и додава: Очигледно беше и влијанието на државата, бидејќи тој веќе не беше толку важен политички фактор, па веројатно беше пуштен низ вода. Претпоставувам дека логистичката поддршка за убиството на Аркан била дадена од тогашната државна безбедност.

Новаковиќ објаснува и како вдовицата на Аркан се зближила со злогласниот земунски клан на Душан Спасојевиќ Шиптар и причините за нејзиното апсење во Сабја. Клучот за приведувањето на Светлана Ражнатовиќ за време на Сабја не е нејзината тажна приказна за, како што подоцна рече, политичкиот прогон, туку сознанието на полицијата дека таа на земунците требало да им даде алиби по убиството на Ѓинѓиќ.

Откако беше приведена во Сабја, таа му даде исказ на специјалниот обвинител за нејзиното познанство со Легија и Душан Спасојевиќ. Во текот на 2001 и 2002 година имала финансиски проблеми, Легија и предложил да побара пари од Спасојевиќ, а земунците и дале неколку стотици илјади марки. Тие воспоставија и пријателски врски. И таа неколку пати одела кај нив во Шилерова, објаснува Новаковиќ и додава:

Во февруари 2003 година Спасојевиќ побара од неа да им даде алиби кога ќе биде потребно. Тој и рекол: Оној ужасно нѐ притиска, сака сите да не уапси и уништи, и мораме сите да ги победиме. Таа сфати дека тоа е Ѓинѓиќ. Сè и пренела на својата сестра Лидија, која исплашена и рекла дека тоа не им треба и дека е катастрофа. Таа рече: Можеме да бидеме вклучени во големи проблеми. Тие се тресеа од страв.

Тој проценува дека тие и позајмувале пари на Ражнатовиќ за всушност да ја подготват за моментот кога ќе и побараат алиби. Се гледаа на родендени, таа беше главна гостинка на забавите и со Легијата и со земунците. И позајмиле големи суми подготвувајќи ја за моментот кога требало да им возврати и да им даде алиби по атентатот на премиерот. Тоа требаше да биде по неуспешниот обид за убиство на Ѓинѓиќ во близина на салата Лимес, а по убиството и појавата на потерницата, тоа како опција отпадна, заклучува Новаковиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!