Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали имате проблем со користењето на услугите од Google !? Компанијата се огласи дека се уште имаат проблем и наскоро ќе биде решен

Google Cloud „падна“ односно имаше поголем прекин во работата денеска (вторник), што предизвика мрежна реакција и на останатите социјални платформи кој спаѓаат под него, како што се: Snapchat, Discord, Spotify и други.

Проблемот го почувствуваа и многу сајтови кои сè уште ја имаат пораката „error 404“, или пак времето на вчитување им е премногу бавно.

Од Google кратко проговорија и изјавија дека проблемот наскоро ќе биде решен. Многу услуги прекинаа или имаат проблеми во исто време, што обично укажува на проблем кај подржувачот, и следуваат тешкотии во работењето на поединечни услуги.

Google наведува дека проблемот траел околу еден час и дека наводно веќе бил решен, но многу сервиси се уште не се целосно функционални.

The Verge пишува дека се одразило на работата на апликациите како Spotify, Snapchat, Discord, но и Pokemon Go играта која е подржана од овој оперативец, Rocket League, како и на бројните сајтови на компании и производители кои се потпираат на Google Cloud.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!