Вие имате прво да ја знаете вистината

ЕУ размислува да создаде заеднички воени сили на Унијата до 2025 година

Европската унија размислува да создаде заеднички воени сили заклучно до 2025 година, кои би броеле до 5.000 војници и би интервенирале во низа кризи без да се потпираат на Соединетите Американски Држави, според нацрт-планот кој беше објавен.

Капацитетот за брзо распоредување на ЕУ треба да се состои од копнена, морска и воздушна единица, и би можела да биде вклучена во која било постојана сила, во зависност од кризата, според доверливиот документ од 28 страници објавен на 9ти ноември.

Министрите за надворешни работи и за одбрана во понеделникот вечерта накратко разговараа за планот во Брисел и треба да ги продолжат разговорите денеска (вторник) со цел да се договори конечниот документ до март следната година.

Две децении откако лидерите на ЕУ првпат се согласија да формираат воени сили од 50 до 60.000 војници, но не успеаја да ги направат оперативни, нацрт-стратегијата на европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел е убедливо најконкретниот напор за создавање воена сила која нема да се потпира на американскиот капацитет.

Потребна ни е поголема брзина, ефикаснот и флексибилност за справување со низа воени кризи – се наведува во нацртот наречен – Стратешки компас.

Треба да бидеме способни да одговориме на актуелните закани или брзо да реагираме во кризна ситуација, на пример во мисија за спасување и евакуација или во операција за стабилизација во непријателска средина – се наведува во нацртот.

Нема да има потреба сите 27 земји-членки на ЕУ да учествуваат во таквите сили, иако за какво било распоредување на војници би бил потребен консензус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!