Вие имате прво да ја знаете вистината

Фајзер се согласи да дозволи други компании да го произведуваат нивниот нов лек против Ковид-19

Компанијата за производство на лекови Фајзер, потпиша договор со организацијата поддржана од ОН за да им дозволи на другите производители да направат експериментален лек против Ковид-19, потег со што може да го направи третманот да биде достапен за повеќе од половина од светската популација.

Во соопштението објавено денеска (вторник), Фајзер соопшти дека ќе ги лиценцира антивирусните таблети на Фондот за лекови во Женева, со што ќе им овозможи на компаниите за генерички лекови да произведуваат таблети за употреба во 95 држави, што ќе ги направи достапни лековите за околу 53 отсто од светската популација.

Договорот исклучува некои големи држави кои претрпеле катастрофални епидемии на коронавирус. На пример, додека една бразилска фармацевтска компанија може да добие лиценца за производство на таблети за извоз во други држави, лекот не може да се произведува генерички за употреба во Бразил.

Сепак, здравствените власти рекоа дека фактот дека е постигнат договор дури и пред да се одобри новиот лек на Фајзер, може да помогне побрзо да се стави крај на пандемијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!