Вие имате прво да ја знаете вистината

Германија го суспендираше гасоводот Северен тек 2 ! Дали ова е последната порака на Ангела Меркел до Владимир Путин !?

Германија денеска ги потврди очекувањата дека ќе го суспендира одобрението за лансирање на гасоводот Северен тек 2. Очекувано, веднаш по објавувањето на оваа информација од страна на Германија, цената на гасот во Европа нагло скокна.

Германскиот државен регулатор објави дека не може да го одобри Северен тек 2, бидејќи седиштето на компанијата се наоѓало во Швајцарија, а не во Германија.

Темелното и деталното разгледување на документацијата заклучи дека одобрението за Северен тек 2, може да се даде само ако операторот подлежи на германските закони, се вели во соопштението. А веднаш потоа цената на гасот скокна за околу 10 отсто. Ова може да биде причина за создавање на големи проблеми.

Германската сојузна агенција за мрежи – која ги регулира секторите на електрична енергија, гасот, телекомуникациите, поштате и железничкиот сектор – има рок до почетокот на јануари следната година да даде зелено светло дали да се потврди нафтоводот што води од Русија до Германија под Балтичкото Море.

Иако сите технички барања се исполнети, прашањето е дали Гаспром ќе ги почитува европските правила за раздвојување, кои бараат од сопствениците на гас да се разликуваат од снабдувачите со гас, што минуваат низ нивните конструкции за да обезбедат фер конкуренција на пазарот.

Германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел јасно му стави до знаење на рускиот претседател, Владимир Путин дека играњето според правилата е клучно, за да се обезбеди континуирана политичка поддршка на гасоводот, изјавија денеска, два владини извори запознаени со ова прашање.

Меркел отворено кажа дека политичката основа за работата на Северен тек 2 е посветеноста на Русија да продолжи да ја користи Украина како транзитна рута за гас во иднина.

Путин е доволно паметен за да знае дека сентиментот на германските политичари во однос на проектот ќе стане доста проблематичен, па затоа не треба да ги наведува причините за загрозување на бизнисот – изјавил еден од изворите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!