Вие имате прво да ја знаете вистината

Хрватски град продава куќи за само 13 евроценти, треба да ги исполнувате овие услови

Леград некогаш бил просперитетен град со второ по големина население на хрватска територија. Но, откако Австро-унгарската империја се распадна во 1918 година, тој се бореше со депопулација, пишува Ројтерс. За да се справи со проблемот, градот привлекува нови жители со домови во вредност од само една хрватска куна, или околу 13 евроценти.

Секако, понудата доаѓа со одредени резервации. Сите куќи се напуштени и на повеќето од нив им се потребни големи поправки, но градот обезбедува и 25.000 хрватски куни (или околу 3.339 евра) за реновирање на домот. Оние кои ќе одлучат да го искористат договорот мора да бидат помлади од 40 години, финансиски здрави и посветени да останат во населбата најмалку 15 години.

Лоциран во северна Хрватска, во близина на реката Драва и унгарската граница, Легард се надева дека ќе го зголеми своето сегашно население на 2.250, што е само 50 отсто од населението на градот пред 70 години.

„Станавме пограничен град со малку транспортни врски до други места“, објасни градоначалникот на Леград, Иван Саболиќ. „Од тогаш, населението постепено се намалува“, додаде тој. Програмата за продажба на евтини куќи е во сила од минатата година, но има уште неколку имоти кои бараат нов сопственик.

Можностите за работа во областа вклучуваат преработка на дрво и метал, како и производство на храна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!