Вие имате прво да ја знаете вистината

Која од вакцините против Ковид-19 создава најмногу антитела а која најмногу ? Проверени се ефектите од вакцините, а ова се резлутатите

Нивоата на неутрализирачки антитела против Ковид-19 од вакцините, се разликуваат во секоја од четирите групи за вакцинација.

Тестирањето на ефектите од четири вакцини против коронавирусот покажа дека вакцината од компанијата Фајзер го создала најсилниот имунолошки одговор против Ковид-19, додека луѓето вакцинирани со вакцината Синофарм може да бидат најподложни на инфекција, според студијата направена од американски и монголски научници објавена во списанието Селроб.

Нивоата на неутрализирачки антитела против Ковид-19 се разликуваа.

Релативно ниско ниво на антитела е забележано кај вакцината Синофарм и Спутник, средно ниво на заштита кај вакцината Астра-Зенека, а највисоко е создадено со вакцината Фајзер, ова е објавено во горе споменатата студија.

Причината за различните имунолошки одговори помеѓу вакцините е предмет на интензивно истражување и се претпоставува дека вклучува фактори како што се количината на активни состојки во секоја доза и интервалот помеѓу првата и втората доза, велат авторите од Универзитетот Стенфорд. Фондацијата Оно и Националниот центар за болести во Улан Батор од Монголија.

Студијата е направена помеѓу 196 ревакцинирани лица во Монголија, каде што биле користени сите четири вакцини. Примателите на вакцината Синофарм, кои сочинуваа 89,2 отсто од тогашните вакцинирани во Монголија, како и помал број луѓе кои примиле вакцини Спутник или Астра-Зенека, би можеле да бидат подложни на Ковид-19, и покрај имунизацијата, рекоа авторите на студијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!