Вие имате прво да ја знаете вистината

Не умрел од маларија, пневмонија и тешка депресија, научниците конечно открија од што умрел Александар Македонски!?

Можно е Александар Велики да умрел од панкреатична некроза, а не од некоја друга болест како што претходно било шпекулирано, вклучувајќи маларија или пневмонија, покажуваат резултатите од неодамнешна грчка студија.

Д-тор Томас Герасимидис, професор со medicine emeritus (почесна титула која му е доделена откако се пензионирал) од униврзитетот “Аристотел” во Солун, од 1995 година ја има проучувано можната причина за смртта на Александар Велики.

За време на проучувањето, тој отфрлил неколку теории, фокусирајќи се на тешките и болни симптоми што освојувачот ги покажувал во последните денови од неговиот живот.

После повеќе децениско истражување, Герасимидис дошол до заклучок дека Александар Велики починал од акутна панкреатична некроза. Се верува дека причината за оваа состојба биле холелитијаза или жолчни камења, во комбинација со тешка храна и големи количества на вино.

Анализа на потенцијалните причини за смртта на Александар Велики

Професорот и неговиот тим ги проучувале изворите кои ги опишувале последните денови на Александар од историчари како Ариан, Птоломеј, Плутарх, Квинтус Куртиус и други, се со цел да ја осознаат состојбата во која се наоѓал и симптомите што ги покажувал. Болеста на големиот војсководец траела само 14 дена пред неговата смрт.

“За симптоматската слика била карактеристична силна стомачна болка по обилен оброк и вино, придружена со треска, и се поголемо влошување во текот на четиринаесетте дена,” вели во изјава за Спутник  д-р Герасимидис.

Првиот ден од болеста, Александар имал силна стомачна болка и висока температура, поради што докторите препорачале повраќање, што бил прифатен третман во тоа време. Високата температура на пациентот била снижувана со студени бањи.

Вториот ден, Александар страдал од стомачната болка и бил исцрпен и треперел. И покрај ваквата состојба, тој отпатувал во палатата на војникот Мидиос,којшто го заменил неговиот починат пријател Хефастион и таму имал обилен оброк и испил големо количество вино.

Александар и третиот ден имал висока температура со потење и грозница и почнал да чувствува тешкотии во дишењето и давал до знаење дека се чувствува исцрпено.

Во следните денови, здрајето на големиот војсководец се повеќе се нарушувало со високата температура и жолтица со тешкотии во комуникацијата и делузии, привиденија.

На крајот, на 13 јуни 323 година п.н.е. младиот, 33 годишен Александар Велики починал од сепса предизвикана од панкреатска некроза, наведува д-р Герасимидис во заклучокот на неговото истражување.

Отфрлените теории

Истражувањето на докторот и неговата убеденост дека Александар Велики умрел од панкреатска некроза биле причина да ги отфрли претходните теории за смртта на освојувачот.

Теоријата за маларија била отфрлена поради тоа што треската со висока температура ја имал Александар не била вид на треска карактеристична за маларија. Не се забележани интервали без температура што индицира терцијарна или квадрична треска.

Дополнително, маларијата вообичаено не предизвикува ваква или брза смрт.

Теоријата за пневмонија била исто така отфрлена од грчкиот тим на научници предвовден од Герасимитис, поради тоа што пневмонијата многу ретко предизвикува стомачна болка, иако има симптоми на висока температура или треска.

Д-р Герасимидис ја отфрлил и тифоидната треска бидејќи во тоа време немал епидемија, а не било забележано дека Александар имал дијареа пред да има стомачна болка.

Западнонилскиот вирус е исклучен поради тоа што тој почесто предизвикува енцефалитис отколку стомачна болка и делириум.

Според неодамнешни согледувања се тврди дека Александар Велики страдал од Џулиан Баре- синдром, ретка болест во која имуниот систем ги напаѓа нервите предизвикувајќи слабост на екстремитетите и доведува до целосна парализа.

Фактот што на Џулиен-Баре синдромот многу често му претходи инективна болест како респираторна инфекција или стомачен грип, ги довел научниците до уверување дека синдромот не може да биде причина за смртта на Александар.

Според Герасимидис, главните симптоми што ги пројавувал големиот војсководец се висока температура и стомачни болки.

Истражувачот, исто така, ја отфрлил теоријата дека Александар умрел од депресија поради смртта на неговиот најдобар другар и генерал во армијата Хефастион. Според една теорија, депресијата го намалила неговиот имун систем и го направила подложен на инфекции.

Грчкиот научник вели дека Александар не страда од силна депресија. Токму спротивното, тој наведува дека во првите денови на болеста Александар работел со генералите на плановите за следната битка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!