Вие имате прво да ја знаете вистината

По јасно испратената порака од Русија, американскиот моќен разурнувач „Портер“ го започна преминот од Црното кон Средоземното Море

Американскиот моќен разурнувач Портер, опремен со многу ракетно и против ракетно оружје, го започна преминот од Црното Море во Средоземното Море, соопшти Шестата флота на американската морнарица.

Американскиот разурнувач Портер / ДДГ 78 / од класата Арли Бурк, денеска го започна предвидениот трансфер од Црното Море во Средоземното Море, по поморските операции и заедничките вежби што беа организирани со сојузниците и партнерите на НАТО во Црното Море, се вели во соопштението.

Шестата флота на почетокот на месецов објави дека бродот Маунт Витни оди во Црното Море, на заеднички вежби. Маунт Витни претходно заедно со Портер влезе во грузиското пристаниште Батуми, пренесуваат агенциите. 

Во четвртокот, на 11 ноември ова сериозно го привлече руското внимание, руското Министерство за одбрана на засилените активности на САД и НАТО во областа на Црното Море им испрати јасна порака, дека не е многу паметно за било кого да си игра со огнени оружја во близина на нивните граници. 

Во последните 24 часа биле забележани четири извиднички авиони кои биле придружувани од руските сили за воздушна одбрана.

Москва ги смета ненајавените вежби во близина на руската граница за агресија што претставува закана за регионалната стабилност на државата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!