Вие имате прво да ја знаете вистината

Прикажан е Сухои Су-75, рускиот борбен авион од петтата генерација, може истовремено да носи пет ракети воздух-воздух

Русија во Дубаи го претстави прототипот на својот воен авион од петта генерација, сухој Су-75 шах мат.

Ова е првпат овој авион да биде прикажан надвор од Русија.

Рускиот штанд го посети и делегација од Емиратите, која е во преговори со САД за купување на нивните ловци Ф-35.

Су-75 шах мат за прв пат беше прикажан во јули годинава. Станува збор за руски едномоторен млазен ловец од петта генерација, а е развиен од руската компанија Сухој, пред се за извоз.

РИА Новости пренесува дека делегација од Емиратите го посетила и рускиот штанд во Дубаи, додека Ројтерс забележува дека за тоа време преговорите меѓу Обединетите Арапски Емирати и Соединетите Држави за купување на нивните ловци Ф-35 напредуваат многу лошо, пренесува РТС.

Компјутерската симулација покажува лесен, тактички авион, способен да носи пет ракети воздух-воздух истовремено и да уништува повеќе цели во исто време.

Се очекува овој авион за прв пат да полета во 2023 година, а три години подоцна да започне со производство. Нарачките допрва треба да се договорат. Инаку, Ф-35 на компанијата Локид Мартин, американските воени сили го користат од 2015 година.

Западните дипломати се сомневаат дека Емиратите, американските сојузници, би купиле авион како шах мат, иако продажбата на руско оружје во Заливот е зголемена во последните години.

ОАЕ потпишаа прелиминарен договор за купување на Су-35 во 2017 година и работеа со Русија на следната генерација ловци, но засега се чини дека нема напредок.

Од друга страна, преговорите со Вашингтон за набавка на 50 ловци F-35 Lightning II се забавија, поради загриженоста на американската страна за односите меѓу Кина и Емиратите и распространетоста на 5G технологијата на кинеската Huawei.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!