Вие имате прво да ја знаете вистината

Со овој чекор фудбалерите на Србија ги освоија срцата на цела нација: ветената премија од милион евра ќе ја донираат на болните српски деца!

Фудбалската репрезентација на Србија направи фантастичен успех со директното пласирање на Светското првенство во Катар следната година, со победата над Португалија.

Орлите ја шокираа фаворизираната Португалија во Лисабон и ја разгалија целата српска нација.

Затоа, како што им беше ветено од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од државата добија премија во износ од еден милион евра, која доколку сакаат можат да ја поделат меѓусебно но тие се одлучија за голем потег.

Парите во понеделникот наутро веќе беа уплатени на сметката на Фудбалскиот сојуз на Србија , а фудбалерите донесоа едногласна фантастична одлука.

Имено, тие во меѓусебен договор решиле да ги уплатат парите за лекување на оние на кои им е најпотребно, болните српски деца! Со овој чекор тие ја покажаа својата големина, и покрај тоа што наградата им е сосема заслужена тие се одлучија на овој чекор и за помош на децата на кој им е најпотребно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!